True
ГАРАНЦИЈА
iTrade.mk продава нови производи за кои важи Законот за заштита на потрошувачите.
Рокот за рекламација за сите производи е 6 месеци, освен ако не е поинаку наведено
во описот на производот.
Производите со 12-месечна гаранција имаат продолжен гарантен рок во споредба со
стандардните производи.
Права на Потрошувачот
Потрошувачот има право да ни испрати рекламација во писмена форма преку нашата
емаил адреса во рок од шест месеци од датумот на купување на производот.
Потрошувачот е должен при рекламирање на производот да ги достави следниве
податоци: бројот на нарачка (или името и презимето), опис на проблемот со
производот, слика од гарантниот лист и слика од производот.
При потврда на рекламацијата- потрошувачот има право на:
замена на купениот производ со нов, односно со производ од соодветната марка
(модел, тип) или
рефундирање на средствата платени за овој производ во износ од малопродажната
цена на овој производ на денот на враќање, или
отстранување на дефектот на производот на трошок на продавачот.
Во случај рекламцијата на потрошувачот да е резултат на неизвршување на одредена
услуга, потрошувачот има право на:
отклонување на недостатокот, или
враќање на уплатената сума, или
намалување на цената пропорционално на недостатокот на обезбедената услуга
Обврски на Продавачот - Давател на Услуги
Овластеното лице прво ќе провери:
дали производот е купен од iTrade.mk
дали поминале 6 (шест) месеци од датумот на купување на производот;
дали дефектот на производот се случил по вина на потрошувачот.
iTrade.mk го задржува правото да побара дополнителни информации од клиентот во
врска со пријавената грешка. Купувачот ќе биде известен за конечната одлука што е
можно поскоро (најдоцна во рок од 8 дена од поднесувањето на рекламацијата)
Доколку се исполнети горенаведените услови, рекламацијата ќе биде прифатена -,
клиентот ќе биде информиран дека може да го испрати производот.
По рекламацијата на клиентот, iTrade.mk ќе постапи што е можно поскоро
Доколку наведените услови не се исполнети, а особено ако дефектот е предизвикан по
вина на потрошувачот, овластеното лице е должно да го извести потрошувачот дека
според важечките прописи нема право да поднесе рекламција.
iTrade.mk може да ја одбие рекламацијата како неоснована поплака на потрошувач ако
недвосмислено утврди дека дефектот на производот е предизвикан од потрошувачот
или поради непочитување на упатствата за употреба или ако производот не се
користел и одржувал во согласност со декларацијата за производот

To install this Web App in your iPhone/iPad press and then Add to Home Screen.