Услови за користење
Користење на www.itrade.com.mk
Корисниците на нашиот сајт смеат да ги користат содржините на страниците единствено за сопствена употреба и на своја одговорност.
На корисниците на сајтот строго им се забранува користење на специјализирани програми (robot, crawler) за превземање на содржините на сајтот, како и било какви хакерски напади во насока на онеспособување на работата на сајтот. Недозволеното користење на сајтот се смета за кршење на правилата и подлежи на законски тужби.
Општи услови
- Продавачот се обврзува нарачаните производи да ги испорача исправни и во предвидениот рок.
- Некои нарачки нема да бидеме во можност да ги прифатиме и го задржуваме правото истите да ги откажеме ( нема доволно залиха од бараниот производ, грешки во цената на производот итн.). Во случај на откажана нарачка ќе бидете навремено нформирани.
- По испорачување на пратката , на наведениот емаил, ќе го добиете бројот на адресница како и информација за курирската служба по која е испратена.
- Фактурата за купените производи ја испраќаме во самата пратка.
- Законското право за враќање на производот е во рокот од 15 дена од датумот на прием на пратката.
Заштита на цени
Итрејд Лтд Дооел Скопје не дава заштита на цените на производите , ниту пак одговара за константноста на понудата на производите. Ние често ги намалуваме цените наеднаш, без предходна објава.
Гаранција на производите
Гарантниот рок започнува од датумот на продажба на производот наведен во фактурата.
Лимит на важење на гаранцијата на производите
Купувачот го губи правото на гаранција доколку дефектот на производот е резултат на неправилното користење на истиот, непридржување до упатството за употееба и ако над производот се изведени поправки од неовластени лица.
15 дена рок за враќање на производите
Доколку производот не ги задоволува вашите барања, враќање е дозволено во рок од 15 дена од денот на примање на производот (чл.50 од Закон за потрошувачи).
Рекламација и враќање на производите
Рекламацијата е дозволена во следните случаи:
Добиен оштетен производ - Доколку добиете оштетен производ или недостасуваат делови од производот ( според сликата на рекламираниот производ на нашиот сајт), ве молиме да пријавете истиот ден од примање на производот
Рекламација во гарантен рок - Гарантот во гарантен рок, на свој трошок ќе изврши отклонување на дефектот и недостатоците на производот, ќе го замени со нов или ќе изврши рефундирање на средтсвата. При рекламирање во гарантен рок обавезно испратете ни слика од производот и од гарантниот лист
Враќање на производите-Враќање на производите е возможно само со претходно одобрување од наша страна. Не прифаќаме враќање на производите без претходно да нѐ информирате.
Приватност на податоците За успешно обработка на вашата нарачка , потребни ни се податоци: име и презиме, адреса, e-mail и телефон. Преку овие податоци може да Ви ги испорачаме бараните производи.Итрејд Лтд Дооел Скопје се обврзува да ја почитува приватноста на своите купувачи. Собираме само неопходни, основни податоци за купувачите/корисниците кои се неопходни за работа и информирање на корисниците во насока на професионално работење и давање на квалитетна услуга. На купувачите им даваме избор дали сакаат или не сакаат да се избришат од mailing листата . Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и се достапни само на вработените на кои им се потребни за извршување на нарачките. Сите вработени во ИТРЕЈД ЛТД ДООЕЛ Скопје одговорни се за почитување на начелата на Заштита на податоците.Покрај наведеното, прибираме, анализираме и обработуваме податоци за производите кои нашите посетители ги бараат и купуваат, како и веб-страниците кои ги посетуваат. Тие податоци ги користиме за да ја подобриме понудата и изгледот на нашите страници и да ви овозможиме поедноставно користење и посигурно купување.Се обврзуваме податоците да не ги користиме за друга намена. Повеќе погледнете во Политика на приватностСогласност и промена на условите
Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со сѐ наведено на оваа страна. Промените ќе важат по објавувањето на оваа страна. Ве молиме пред секоја нарачка, да ги проверите овие услови - доколу не се сложувате, Ве молиме да не го користите нашиот сајт.
Откажување на договорот-Рокот за откажување на нарачката е 15 дена од приемот на пратката, Доколку сакате да го вратите купениот производ, Ве молиме пополнете го образецот. По прием на образецот, ќе ви испратиме инструкции за враќање на производот, Трошоците за достава се на сметка на купувачот.
To install this Web App in your iPhone/iPad press and then Add to Home Screen.