• Специјална понуда за првата нарачка
  • |
  • Код : #ASDA44
  • |
  • Добијте бесплатна испорака

Lorem ipsum dolor sit amet, eam et reque justo quidam, te est audire persius. Duis meis quas vim ex, ius no oblique phaedrum.

Политика на приватност

"Политика на приватност" опишува како iTrade.mk ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци.

1. Зошто, како и кои Ваши лични информации ги собираме.

Нашите Сервиси или нашиот интернет сајт може да го прегледувате и без давање на било какви лични податоци за себе. Но, повеќе делови од нашите Сервиси или интернет сајтот се достапни само во случај ако регистрирате кориснички налог, ги пополнете и дадете бараните информации во процесот на регистрација.  За таа цел може од Вас да побараме лични информации и тоа, Вашето име, адреса, број на телефон и електронска адреса, детали за Вашите посети на нашите Сервиси или интернет сајтот или други информации кои ги бараме во посебни случаи. Овие информации за Вас, ги собираме кога Вие ќе ги наведете низ нашите Сервиси или преку нашиот сајт (обично кога регистрирате свој кориснички налог или кога не контактирате преку телефон, ни испраќате електронско писмо или ни пишувате). Некои Ваши лични податоци кои ги собираме се наоѓаат во Вашите„Лични податоци“. Со тоа, информациите и податоците за Вас, може да ги користиме за Ваша идентификација.

2. Како ги користиме Вашите лични податоци

Вашите податоци ги користиме таму каде што е потребно, за да Ви ги обезбедиме нашите Сервиси или делови од нив (вклучувајќи го и интернет сајтот) и воопшто за да ги исполниме своите договорни обврски према Вас. Посебно, може да ги користиме и Вашите Лични податоци за било која од следните намери, под услов да е законски дозволено:

  • да Ве регистрираме и овозможиме да ги користите нашите Сервиси или интернет сајт;
  • да управуваме со нашите Сервиси или сајт (вклучувајќи било какви пребарувања или барања за добивање информации за нашите производи или Сервис);
  • за процена и анализа на нашиот пазар на потрошувачи, производи и услуги, вклучувајќи и барање на Вашето мислење за нашите производи и Сервис и анкетирање на потрошувачите;
  • да си овозможиме надзор, контрола и унапредување на производите и услугите од нашата понуда;
  • за интернет евиденција;

Во граници дозволени со законот:

  • (a) може да ги комбинираме Личните податоци кои ги собираме за Вас низ нашиот сервис или интернет сајт, со информациите кои сте ни ги дале по друг пат и  
  • (б) може тие податоци да ги чуваме заедно во комбинирана база на податоци или во посебна база на податоци.

Вашите лични податоци нема да ги задржиме подолго од потребно од целта за која се наменети или за која се првенствено собирани, или како што тоа се наведува во договорот со Вас, во согасност со законот. Вашите лични податоци ќе ги избришеме тогаш кога ќе добиеме известување дека нема повеќе да ги користите нашите Сервиси,или до моментот до кој сме обврзани да ги задржиме Вашите лични податоци од законски причини (на пример, поради законски барања или ако Вашите лични податоци сеуште ни се потребни да го комплетираме договорот со Вас, како што се наплата или пресметка), во тој случај ќе ги заклучиме Вашите податоци наместо да ги избришеме.

Нема да ги собираме Вашите лични податоци или било какви други информации за Вас кои не не се релевантни за намената за која се собираат.

3. Директен маркетинг

Вашите лични податоци може да ги употребиме во маркетинг намена, поточно да Ви прикажеме или претставиме реклами и промотивни материјали, да Ве информираме за нашите производи, при извлекување на награди и рализирање наградни натпревари, како и други информации за кои веруваме дека ќе Ви бидат интересни врз основа на користењето и интересирањето за нашите Сервиси, под услов таквото користење да е во согласност со законот. 
Ќе Ви испраќаме реклами, маркетинг или промотивни материјали или информации за производите, доколку сте избрале да примате такви информации по електронски пат и/или обична пошта во процесот на регистрација . Во зависност од јурисдикцијата на земјата на Вашот престој и во согласност со постоечкиот закон во Вашата земја, може од Вас да бараме експлицитно да се согласите на таква употреба и тоа пред да Ви пратиме било каков маркетинг и промотивен материјал, или пред да Ви пратиме информација за некој производ.
Вие имате можност да се премислите во однос на Вашите преференци во однос на директниот маркетинг во било кој момент, со употреба на информацијата за одјава од претплата на секој таков допис, со ажурирање на Вашиот кориснички профил, податоците на налогот или така што ќе не контактирате (подолу се деталите како да не контактирате). При тоа , нема да ги отстраниме Вашите лични податоци од нашата база на податоци, затоа што се уште би ги користеле во согласност со одредбите и условите на оваа Политика на приватност, во насока на реализирање на нашите Сервиси .

4. Откривање на Вашите лични податоци

Нема да ги споделуваме ниту откриваме Вашите личи податоци на било кое трето лице (без Ваша согласност, освен (а) таму каде е неопходно за да Ви обезбедиме услуга, Сервис, (б) за да ги оствариме нашите законски интереси или (ц) ако од нас се бара да ги откриеме Вашите лични податоци во насока на исполнување на законски обврски или по одлука на суд или (д) онаму каде ни е дозволено во согласност со постоечкиот закон. Никогаш нема да ги откриеме Вашите лични податоци на трето лице, ако тоа не е дозволено со закон.

Вие признавате дека било какви лични податоци кои ги давате во нашите Сервиси и интернет сајт, кој е типично видлив и за другите (на пример, блогови, форуми или страни за разговор) може да резултира со објавување на такви податоци, штом ќе станат видливи за другите. Според тоа треба да примените мерки на внимание за личните податоци кои ги давате во такво опкружување.

Нема да ги отстапиме Вашите лични податоци на трети лица за било која употреба, освен за онаа опишана во оваа Политика на приватност и никако нема да ги продаваме.


5. Безбедност

Се обврзуваме дека Вашите лични податоци ќе ги чуваме во сигурност и во таа насока, ќе примениме разумни технички, физички и организациони мерки и процедури за сите информиации добиени преку нашите Сервиси и интернет сајт. 
На овој начин ќе спречиме неовластена или незаконита обработка на Вашите лични податоци, како и случајно неовластено или незаконито користење, обработка, копирање, менување, пренесување, губење или уништување и оштетување на Вашите лични податоци. Иако тоа го имаме во функција, во согласност со стандардите кои ги поставуваат законите, не сме во можност да гарантираме дека Вашите податоци ќе бидат безбедни кога ќе се предадат преку несигурни начини.
&Безбедноста на Вашите податоци ја штитиме преку:
• користење енкрипција каде што треба;
• користење на заштитни лозинки каде што треба; и
• преку ограничување на пристапот на Вашите лични податоци (на пример само нашите вработени на кои им треба пристап за горенаведената цел во оваа Политика на приватност, може да дојдат до Вашите лични податоци). 
Сепак овие мерки не Ве ослободуваат од обврската да превземете соодветни чекори за безбедност на Вашите лични податоци, посебно со тоа што ќе го избегнувате користењето на очигледните кориснички идентификации или лозинки, со редовно менување на лозинката и со тоа што нема да ги откриете својата лозинка или лозинки, ниту ќе ги пренесувате на други лица, ќе им дозволувате пристап до Вашиот кориснички налог или Вашите лични податоци.

6. Линкови со екстерни извори на содржини

Нашите Сервиси и интернет сајт може да содржат линкови или да Ве префрлат на други сајтови, сервиси или извори на екстерни содржини, кои се под наша контрола. Иако се трудиме да обезбедиме поврзување само со оние сервиси или интернет сајтови кои се со исти стандарди во поглед на приватноста и безбедноста, кога ќе ги напуштите нашите Сервиси или нашиот интернет сајт, не сме во можност да Ве чуваме и не сме одговорни за заштитата и приватноста на било кои лични податоци кои ги давате на другите сајтови. Треба да постапите внимателно и да ја проучите изјавата за приватност која се применува на одредени сајтови или сервиси . Не прифаќаме никаква одговорност ниту обврска за тие политики на приватност.

7. Веб пратење (cookies и web beacons)

Користиме cookies (мали текстуални датотеки кои чуваат информации на Вашиот хард драјв) за одредени функции и операции на нашиот Сервис и интернет сајт.
Cookies ни помагаат да разбереме кои делови од нашите Сервиси или нашиот сајт се најпопуларни, бидејќи ни покажуваат до кои страни или сервиси најмногу пристапуваат посетителите и колку време таму поминуваат. Со проучување на овие податоци може да ги прилагодиме нашите Сервиси или нашиот интернет сајт да одговараат на Вашите барања за да Ви пружиме попријатно корисничко искуство. На пример, cookies ни овозможуваат да се погрижиме за тоа,прикажаните информации во текот на Вашата следна посета или логирање да одговараат на Вашите кориснички преференци.
Вие може да го подесите својот пребарувач за да ги прифати сите cookies, да ги одбие сите cookies, или да Ве информира кога ќе се праќа cookie. Поради различноста на секој пребарувач, проверете ја секцијата за помош на мејл за Вашиот пребарувач, за да дознаете како да ги менувате своите преференци. На пример, кај пребарувачот Microsoft Internet Explorer може да оневозможите или да избришете cookies со бирање на опцијата "Tools/Internet Options".
Имајте во предвид дека нашиот Сервис и нашиот сајт се замислени да работат со cookies и ако ги оневозможите тоа може да влијае на употребата на Сервисот или сајтот и може да Ве спречи потполно да ги искористите сите предности на нашите Сервиси. Ние не ги разменуваме cookies со било кој друг сајт во својство на трето лице, ниту пак со екстерните добавувачи на податоци, освен со трети лица кои соработуваат со нас
Нашите сервиси или интернет сајт и комуникации кои ќе се создадат со користење и/или регистрирање за нашите Сервиси или интернет сајт, како што е промотивната електронска пошта, може да содржат електронски слики кои се нарекуваат "web beacons". Web beacons генерално функционираат во спрег со cookies, и може да ги користите на истиот начин како и cookies.

8. Промени во оваа политика на приватност

Во наша надлежност е повремено да ја менуваме и ажурираме оваа Политика на приватност, а со тоа и ќе Ве информираме за било какви материјални промени или додатоци на Политиката на приватност и тоа на оваа адреса, преку Вашата електронска пошта или други соодветни начини.

9. Пристап до личните податоци и нивна промена

Може да пристапите, да ги прегледате или промените своите лични податоци во секој момент, така што ќе се логирате на Вашиот кориснички налог и ќе го посетите Вашиот кориснички профил. Еднаш кога ќе пристапите до Вашиот кориснички профил, може да го прегледате или измените било кој личен податок кој сте ни го дале при регистрација за нашите Сервиси или веб сајт. Погледајте го одделот кој дава помош на нашиот интернет сајт, за да дознаете повеќе за тоа како да пристапите до својот налог, како да го измените Вашиот кориснички профил или да ги корегирате своите лични податоци. За да дознаете кои Ваши лични податоци сме ги сочувале и како да промените било кој Ваш личен податок, може и директно да не контактирате.

10. Како да не контактирате во врска Вашите Лични податоци 

Може да не контактирате преку контакт формата - за да дознаете повеќе за нашата посветеност на приватноста и за оваа Политика на приватност. Во одредени јурисдикции и закони за заштита на податоците, имате право да побарате детали за личните податоци за Вас, со кои ние располагаме или да побарате исправка или бришење на Вашите лични податоци. Ве молиме да не контактирате при таа намера.

Ве молиме да ни помогнете да бидеме сигурни дека информациите кои ги имаме за Вас се точни и актуелни. Доколку според Ваше мислење некоја информација за Вас која ја чуваме, не е точна или е непотполна, Ве молиме да не контактирате.

Lorem ipsum dolor sit amet, eam et reque justo quidam, te est audire persius. Lorem ipsum dolor sit amet, eam et reque justo quidam, te est audire persius. Duis meis quas vim ex, ius no oblique phaedrum pertinacia. Ornatus referrentur nec cu, dicam dolore vivendum ne mea,